Гвардиола веќе подолго време е во потрага по квалитетен играч за врска кој ќе може да биде наследник на Фернандињо.
Во летниот преоден рок Манчестер Сити беше блиску до ангажман на Фред и Жоржињо, а сега „граѓаните“ се поврзуваат со плејмејкерот на Вулверхемптон, Рубен Невеш.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Такви играчи како Фернандињо нема многу на пазарот, тешко е да се најдат. Фернандињо е специфичен, ја познава лигата, доста долго сме заедно, стана интегрален дел од овој тим… Но, тој наскоро полни 33 години и нема да може да игра на секои два-три дена“.
„Невеш е навистинаодличен играч. Тие играат со двајца последни играчи за врска, не со еден како ние, но одличен е на таа позиција. Пред некое време прочитав дека Рубен Невеш чини 100 милиони фунти! Тоа нема да се случи. Нема да платиме толку пари за последен играч за врска“, јасен беше Гвардиола.