Дома Фудбал Англија Гвардиола нема да го гледа Јунајтед – ќе игра голф

Гвардиола нема да го гледа Јунајтед – ќе игра голф

Манчестер Јунајтед денес игра натпревар против ВБА на „Олд Трафорд“ и ако не победи Манчестер Сити и математички ќе ја обезбеди титулата шампион.

„Ѓаволите“ се голем фаворит и ќе се обидат да ја продолжат низата победи, а доколку тоа не се случи тогаш нивниот градски ривал и официјално ќе биде прогласен за нов шампион на Англија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Иако ова може да биде момент кога Гвардиола ќе ја прослави титулата, Пеп откри дека нема да го гледа натпреварот на „Олд Трафорд“.

„Нема да го гледам Јунајтед, одам да играм голф. Неделата е резервирана за голф со пријателите. Ќе бидам среќен доколку Манчестер Јунајтед не победи, но мислам дека ќе слават на дешениот натпревар. За нас е важно да победиме против Свонси на домашен терен“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хрватски голман стана сензација: Еве како се загреа на минус девет степени (Видео)

Ерзурумспор и Чорум одиграа натпревар на -9 степени, а додека останатите играчи се загрева…