Манчестер Сити е еден од клубовите кои на 20 дена пред почетокот на новата сезона се уште нема капитен.
Да потсетиме, Граѓаните на крајот од претходната сезона ги напушти долгогодишниот капитен Винсент Компани, а тренерот Пеп Гвардиола се уште нема одлучено кој ќе биде негова замена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанецот објасни дека тој нема да ја донесе одлуката, туку ќе остави на играчите да се договорат помеѓу себе.
Сити моментално се наоѓа на припреми во Кина, а кога ќе се врати ќе биде одлучено и имено на новиот капитен.
„Играчите ќе одлучат помеѓу себе, но кога ќе бидеме сите заедно. Откако ќе дојдат сите кои моментално недостасуваат, ќе одржиме состанок на кој ќе одлучиме кој ќе биде новиот капитен.“ – изјави Гвардиола.
Неговиот тим вчера го одигра првиот пријателски натпревар против Вест Хем кој е поразен со 4:1, а капитен на тој натпревар беше Давид Силва.