Дома Фудбал Англија Гвардиола: Мане знае да симулира и да погодува во последните секунди

Гвардиола: Мане знае да симулира и да погодува во последните секунди

Следниот викенд Ливерпул во големото дерби го дочекува Манчестер Сити.

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола уште сега почна да „фрла“ отровни стрели кон „Енфилд“. Овој пат тој зборуваше за симулирањето на Садио Мане, а неговата изјава би можела да ги зголеми тензиите пред натпреварот наредната недела.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Понекогаш Мане симулира, понекогаш има извонреден талент да постигнува голови во последните минути“, изјави Гвардиола за „Скај Спорт“.

Сепак во продолжение од изјавата ја смири ситуацијата пофалувајќи ги „црвените“ кои вчера во последните минути стигнаа до победа против Астон Вила.

„Уште една тесна побда на Ливерпул? Ако се случило еднаш или два пати можеме да кажеме дека имаат среќа, но нив тоа им се случува многу често во последните сезони – станува збор за карактерот кој го имаат“, ги пофали Пеп своите ривали.

И Сити се мачеше ова коло, но со головите на Агуеро и Вокер стигнаа до триумф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн Минхен купи уште еден стадион

Баерн Минхен купи нов стадион за околу 7.5 милиони евра. Овој потег на баварскиот гигант б…