Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола очигледно не е задоволен од Клаудио Браво, па е решен да донесе нов голман на „Етихад“.
Англиските медиуми пренесуваат дека изборот паднал на Каспер Шмајхел, голманот на актуелниот шампион Лестер.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Шмајхел токму во Манчестер Сити ја започна кариерата, каде беше се до 2009 година, а Гвардиола во него гледа иделна замена за Браво, кој не се снајде најдобро и на крајот на сезоната ќе го напушти „Етихад“.
Иначе 30-годишниот Данец е син на легендарниот Петар Шмајхел, кој е легенда на Манчестер Јунајтед, но во кариерата бранеше и за Манчестер Сити.