Дома Фудбал Англија Гвардиола: Toa што Арсенал е за Артета, за мене е Барса

Гвардиола: Toa што Арсенал е за Артета, за мене е Барса

Микел Артета од помошник на Пеп Гвардиола му стана главен ривал за титулата во Премиер лигата со својот Арсенал.

Артета во минатото беше фудбалер на Арсенал, а сега одлично му оди како тренер, „топџиите“ се лидери на табелата и чекорат кон титулата на која чекаат долго време.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Гвардиола сега зборуваше за љубовта на Артета кон Арсенал и открива дека никогаш како негов помошник не се радувал на головите против Арсенал.

Пеп и Артета утре ќе имаат судир во четвртфиналето од ФА Купот, па ќе видиме дали ќе биде поуспешен учителот или ученикот.

„Верувам дека ако јас заминев Артета денес успешно ќе го водеше Манчестер Сити. Но, јас тогаш го продолжив договорот и очигледно не сакаше да чека. Се сеќавам кога беше дел од Манчестер Сити секогаш се радуваше на головите кои ги постигнувавме, но само еден тим беше исклучок, тоа беше Арсенал“.

„Кога игравме против Арсенал и ќе постигневме гол, јас ќе тргнев да се радувам и да го барам Артета, а тој само мирно седеше. Уште тогаш си кажав…Овој човек го обожава Арсенал. Секако, дека го разбирам, тоа е како мојата љубов кон Барселона“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …