Каталонскиот стратег на клупата на Манчестер Сити не сака ништо да препушти на случајот. Англиските медиуми пишуваат дека еден играч би можел да го напушти клубот уште во јануари, а во јуни ќе има една шокантна продажба.
И покрај доминацијата во Премиер лигата, Гвардиола сака да го засили тимот во сите сегменти. Поведата на Стоунс го натера да размислува за ангажман на Вирџил ван Дијк уште во јануари.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Планот за летото е да биде продаден Серхио Агуеро, па Сити е спремен да прифати понуда од 70 милиони евра, а како негово замена треба да пристигне Алексис Санчез.
Оваа сезона прв избор во нападот е Жуан Жесус, па на лето е последна шанса „граѓаните“ да инкасираат добра сума од продажбата на Аргентинецот.
Покрај Санчез, Гвардиола сака да го донесе и Емре Чан од Ливерпул кој исто така би требало да пристигне како слободен агент.