Дома Фудбал Англија Гвардиола изненади: Немаме пари за нов напаѓач

Гвардиола изненади: Немаме пари за нов напаѓач

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола даде многу интересна изјава на денешната пресконференција.

Гвардиола истакна дека Манчестер Сити не може да си дозволи ова лето нов напаѓач, иако „граѓаните“ се сметани за еден од најбогатите клубови во светот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Кун Агуеро на лето го напушта клубот, па се очекува Сити да инвестира голема сума за нов напаѓач.

„Сакам да бидам јасен. Можеби ќе најдеме нов напаѓач за да го замениме Агуеро. Во однос на статистиката тоа е скоро невозможно. Со цените кои се моментално на пазарот, нема да купиме напаѓач. Не можеме да си дозволиме нов напаѓач. Сите клубови имаат финансиски проблеми, ние не сме исклучок“, истакна Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Таткото на Јамал се огласи по контроверзните скандирања, испрати моќна порака!

Фудбалската јавност беше шокирана од случувањата на натпреварот помеѓу Шпанија и Египет, к…