Дома Фудбал Останато Гвардиола знаел што прави: Супер талентот кој ги напушти има посебни клазули во договорот

Гвардиола знаел што прави: Супер талентот кој ги напушти има посебни клазули во договорот

Фудбалскиот свет полуде за Џејдон Санчо. Младата ѕвезда на Борусија Дортмунд има само 18 години, а веќе се пишува дека вреди повеќе од 100 милиони евра.

Санчо се одлучи да го напушти Манчестер Сити и да се пресели во Борусија која за него плати 10 милиони евра во 2017 години.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Сити не сакаше да го пушти во редовите на клуб од Премиер лигата, а при продажбата одличниот фудбалер го заштитија со повеќе клазули, па помеѓу останатите е и онаа според која на Сити ќе му припадне 15% од идниот трансфер на фубалерот.

Тоа не е се. Доколку продолжи да постигнува голови и асистира Санчо сигурно ќе биде една од ѕвездите на летниот преоден рок, а Манчестер Сити ќе има предност доколку сака да го врати назад во однос на останатите заинтересирани клубови.

Исто така и германските и англиските медиуми наведуваат дека во договрот на момчето од Лондон постои и специјална клазула за откуп која важи само за Манчестер Сити, но таа засега се држи во тајност.

Во секој случај, Пеп Гвардиола и Манчестер Сити добро се заштитиле пред година ипол кога Санчо го напушташе англискиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…