Дома Фудбал Англија Гвардиола заминува, Сити веќе бара замена

Гвардиола заминува, Сити веќе бара замена

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, најверојатно ќе ја напушти клупата на „граѓаните“ по завршувањето на сезоната поради лични причини, пишуваат медиумите на Островот.

„Граѓаните“ ќе се обидат да го убедат да остане, но веќе бараат тренер кој може да го замени.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Британските медиуми тврдат дека најголем фаворит за позицијата е португалскиот стручњак Рубен Аморим кој во моментов е тренер на Спортинг Лисабон. 

Аморим и минатото лето се поврзуваше со Ливерпул, но на крајот остана во Лисабон и е спремен да направи чекор напред во кариерата.

Аморим целосно се вклопува во филозофијата и плановите на Сити со оглед на тоа што има само 39 години и може да претставува долгорочно решение за актуелниот шампион на Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…