Дома Фудбал Англија Гвардиола: Едвај ја чекам истрагата на УЕФА

Гвардиола: Едвај ја чекам истрагата на УЕФА

Манчестер Сити се наоѓа под сериозна истрага на УЕФА која е на добар пат да ги разоткрие финансиските малверзации кои наводно овој клуб ги правел во изминатите години.

„Граѓаните“ се обвинуваат дека ги лажирале спонзорските договори со цел да можат да трошат повеќе пари за купување на играчи со што го прекршија Финансискиот фер плеј.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


После победата против Вотфорд новинарите ги интересираше што за тоа мисли менаџерот на овој клуб, Пеп Гвардиола.

„УЕФА го прави тоа што го прави, клубот ќе излезе со официјално соопштение. Ако сме направиле нешто нерегуларно тоа ќе се знае, а ако не луѓето ќе престанат да зборуваат за тоа. Затоа евај ја чекам истрагата. Сакам да нагласам дека верувам во луѓето, клубот и комплетната организација. Ако нешто не е во ред тие ќе ни кажат“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клајверт потсети на својот славен татко: Погледнете ја магијата против Фулам (Видео)

Фудбалерите на Борнмут го отворија седмото коло на Премиер лигата со победа против Фулам о…