Дома Фудбал Англија Гвардиола донел одлука до кога ќе биде тренер на Манчестер Сити

Гвардиола донел одлука до кога ќе биде тренер на Манчестер Сити

Првиот тренер на англискиот и европски шампион, Манчестер Сити изгледа донел одлука за својата иднина.

Според информациите на „Фудбал Инсајдер“, Гвардиола одлучил да ги напушти редовите на „граѓаните“ во 2025 година, кога и ќе му истече договорот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Гвардиола според најавите има намера тогаш да си земе одмор од тренерската работа на најмалку една година.

На клупата на Манчестер Сити, Гвардиола е од 2016 година и со овој тим пет пати стана шампион во Премиер лигата, двапати го освои ФА Купот и Суперкупот, а минатата година на клубот успеа да му ја донесе и првата титула во Лигата на шампионите.

Пред да седне на клупата на Манчестер Сити, Гвардиола ги водеше Баерн и Барселона. И оваа сезона Манчестер Сити води битка за титулата, „граѓаните“ се на третата позиција со еден бод помалку од Арсенал и Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ѕвезда на Манчестер Сити ја одложува венчавката поради Светското првенство

Голманот на фудбалерите на Манчестер Сити, Џанлуиџи Донарума, го одложи своето венчавање з…