Дома Топ вести Гвардиола доби 700 милиони евра за засилувања – Овие шест играчи се на листата!

Гвардиола доби 700 милиони евра за засилувања – Овие шест играчи се на листата!

Најдобриот лек за исфрлувањето на Сити од Лигата на Шампионите уште во четвртфиналето и дебакалот од второлигашот Виган во ФА Купот се наоѓа во паричникот на Шеик Мансур.

Манчестер Сити сепак не успеа да освои она што го очекуваше, односно четири трофеи, па на крајот желбите паднаа на две титули Претходно земениот Лига Куп, најверојатно и следниот викенд ќе го освои и трофејот во Премиер лигата. За следната сезона да бидат уште потрофејни, тренерот на Сити, Гвардиола пред неколку дена јавно побара дополнителни средства за засилувања. И тоа откако што за помалку од две години во Сити доведе 12 играчи платени за повеќе од поливина милијарда евра.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Според пишувањата на шпанските и англиските медиуми, од Емиратите веднаш биле примени желбите на харизматичниот тренер. И тоа како. Гвардиола ова лето ќе добие буџет од 700 милиони евра за надомест и плата на засилувањата. Пеп знае како ќе го потроши наведеното богатство, а на листата се шест играчи:

Игрчи за врска: Жоргињо од Наполи, Џулијан Вигл (Борусија Дортмунд) и Едер Милитао (Сао Паоло). Потоа крилата: Томас Лемар (Монако) и Ријад Марез (Лестер) и Леон Бејли (Баер Леверкузен), исто така крило, но може да игра и како напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…