Битката за титулата е скоро завршена за Пеп Гвардиола и неговиот Манчестер Сити кој изгуби од Евертон на Гудисон Парк со 4:0.
Екипата на Роналд Куман до водство стигна во 34 минута со голот на Ромелу Лукаку, на 2:0 зголеми вториот белгиски репрезентативец Кевин Миралас во 47 минута, Том Дејвис во 79 минута по третпат го совлада Браво, а конечните 4:0 во судиското продолжение ги постави 19 годишниот Адемола Лукмен
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола остана крајно разочаран по тешкиот пораз на тимот со 0:4 како гостин на Евертон.
„Создадовме многу гол шанси во првото полувреме. Но не можевме да ги искористиме, а противникот ги искористи своите шанси. Голот на почетокот на второто полувреме многу натежна психолошки на тимот. Исходот од овој натпревар е прилично добар пример за она што се случува оваа сезона. Но тоа е фудбалот. Понекогаш не ви треба многу за да постигнете гол. Ривалите имаа доволно време за да влезат во казнетиот простор и да одбележат“, рече Пеп.
„Се разбира, можеме да играме подобро. Тој пораз ужасно делува на играчите, но такви ситуации понекогаш се случуваат. По крајот на средбата им реков на играчите да останат позитивни, бидејќи тие направија фантастични нешта оваа сезона, но не секогаш го добивавме тоа, што го заслужуваме. Мислам дека сите менаџери би го потврдиле тоа“, додаде Гвардиола.
„Првата позиција е десет бода пред нас, додека зад третото место заостануваме само три бода. Трката за титулата не е завршена, има уште многу да се игра. Денешниот натпревар мора побрзо да го заборавиме и да се фокусираме на следниот. Лесно е да се обвини само голманот за примените голови, но тоа е работа на цела екипа. Првпат во мојата кариера примам толку многу голови и морам да ја најдам причината за тоа. Кога чувствуваме дека правиме добра работа во нападот, одбраната лесно си ја завршува работата“ , рече Шпанецот.