„Волшебникот“ од Барселона кој денес доби извинување од „Франс Фудбал“ се наоѓа пред тешка одлука.
Капитенот на Барселона на крајот од оваа сезона ќе го напушти „Камп Ноу“ и потврда од самиот фудбалер се очекува наскоро.
Иниеста во „Ла Масија“ пристигна во далечната 1996 година, а за првиот тим дебитираше во 2002 година под водство на Луис Ван Гал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанецот во солзи го напушти финалето од шпанскиот куп што беше јасен знак дека донел одлука да замине. Кина беше сигурна опција од повеќе причини, а една од нив беше приватниот бизнис, односно пробивање на неговата винарија на кинескиот пазар.
Се најавуваше дека фудбалерот веќе постигнал договор вреден 37 милиони евра за три години, но сега во трката наводно се вклучиле и други клубови.
Прв е Манчестер Сити. Наводно, Пеп Гврдиола го убедува Иниеста да му се придружи и заедно да освојат се и во Англија.
Покрај Гвардиола кој можеби може да го убеди Иниеста да ја промени одлуката, Манчестер Сити изгледа дека е спремен да ги обезбеди потребните финансии за Иниеста да се пресели на „Итихад“.
Сепак, вакво нешто е тешко остварливо, па и кога е Гвардиола во прашање. Фудбалерот својата конечна одлука би требало да ја соопшти до крајот на оваа недела.