Брајтон е апсолутен хит во Премиер лигата оваа сезона и се бори за излез во Европа, а сите комплименти одат на работата на тренерот Де Зерби.
Италијанецот ги импресионираше сите оваа сезона, а особени пофалби доби од неговиот колега Пеп Гвардиола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Внимавајте што ќе кажам. Сигурен сум во тоа што го кажувам, Роберто е еден од највлијателните менаџери во последните 20 години. Нема тим што игра на начин како што играат тие, тоа е уникатно. Имав чувство кога пристигна дека ќе има влијание во Премиерлигата, но не очекував да го направи тоа толку бргу“.
„Тие креираат 20-25 шанси по натпревар, повеќе од речиси сите противници, ја монополизираат топката на начин каков што одамна не е виден. Сите се вклучени во играта, голманот игра како фудбалер од средниот ред. Ако не играте на високо ниво, ќе ви прави што сака. Тие се еден од тимовите од кои се обидувам да научам многу“, изјави Гвардиола.