Дома Топ вести Гвардиола го „краде“ дефанзивецот на Барселона

Гвардиола го „краде“ дефанзивецот на Барселона

Манчестер Сити покажува сериозен интерес за уругвајскиот интернационалец од редовите на Барселона, Роналд Араухо.

Араухо има важечки договор со Барселона до јуни 2023 година, па на лето ќе влезе во последната година од договорот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Марка“ пренесува дека 22-годишниот дефанзивец ја одбил понудата на Барселона да го продолжи договорот.

Доколку двете страни не најдат заеднички јазик до крајот на сезоната тогаш Барселона ќе мора да го продаде Уругваецот на лето.

Сити внимателно ја следи ситуацијата и е спремен да понуди 30 милиони евра за Араухо, кој е голема желба на Гвардиола.

Араухо пристигна во Барса во 2018 година во трансфер вреден пет милиони евра од Бостон Ривер од Уругвај. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…