Францускиот фудбалер Антоан Гризман најверојатно ќе ги напушти редовите на Атлетико Мадрид по крајот на сезоната.
Овој 26. годишен напаѓач изминатите месеци се поврзуваше со Барселона и Манчестер Јунајтед, а сега во игра за неговиот потпис се вклучи и Манчестер Сити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сити очигледно остана без Алексис Санчез. Чилеанецот одлучи да ги засили редовите на Манчестер Јунајтед и во наредните денови би требало неговиот трансфер да се реализира.
Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола се помири со фактот дека Алексис нема да дојде во неговиот тим. Сега бара замена, а прв пик е Антоан Гризман, кој ќе се обиде да го донесе во текот на летото.
Гвардиола е голем фан на играта на францускиот фудбалер. Спремен е да го донесе во своите редови, а сумата која се споменува е околу 100 милиони евра.
Гризман важи за еден од најдобрите напаѓачи во Европа. Исто така може да игра и на крилните позиции, а дресот на Атлетико го носи од 2014. година кога за 30 милиони евра стигна од Реал Сосиедад.
Оваа сезона на 23 натпревари постигна осум голови и запиша седум асистенции.