Дома Трансфер зона Гвардиола го договори првото зимско засилување

Гвардиола го договори првото зимско засилување

Манчестер Сити игра фантастично оваа сезона и е лидер во Премиер лигата, но Гвардиола сака додатно да го засили тимот во зимскиот преоден рок.

Како што пренесуваат англиските медиуми „граѓаните“ веќе го договориле првото зимско засилување, а станува збор за холандскиот репрезентативец и член на Саутемптон, Патрик ван Анхолт.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Гвардиола најави дека ќе донесе засилување во дефанзива, особено на позицијата лев бек каде останаа без Бенџамин Менди, кој заработи тешка повреда.

Ван Анхолт би требало да биде идеално решение за таа позиција. Се очекува „граѓаните“ наскоро да испратат официјална понуда „тешка“ 12 милиони фунти.

Холандскиот фудбалер уште како тинејџер пристигна во Англија и беше дел од младинскиот погон на Челзи, а го носеше дресот и на уште неколку англиски клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид како замена за Модриќ носи негов сонародник?

Прекрасниот гол на Лука Сучиќ на дуелот на неговиот Реал Сосиедад против Атлетико Мадрид г…