Дома Фудбал Англија Гвардиола верен на „граѓаните“, наскоро потпис на нов договор

Гвардиола верен на „граѓаните“, наскоро потпис на нов договор

Пеп Гвардиола е многу блиску да потпише нов договор со Манчестер Сити, пренесуваат медиумите на Островот.

„Телеграф“, пишува дека двете страни постигнале договор и наскоро треба да ја официјализираат новата соработка.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


По завршниот турнир во Лигата на шампионите и неуспехот на „граѓаните“, се шпекулираше дека Гвардиола уште оваа сезона ќе го предводи клубот.

Преговорите се оддолжија, па медиумите почнаа да шпекулираат дека Сити веќе стапил во контакт со Нагелсман, како алтернативно решение.

Гвардиола самиот потврдил дека наскоро ќе го продолжи договорот. Рекол дека поради густиот распоред немал време да седне и да разговара со клупските челници и затоа се оддолжи ставањето на потписот.

Информацијата дека Гвардиола ќе остане во Сити повторно ги разгоре шпекулациите за трансферот на Лионел Меси на „Етихад“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пеп го губи „компасот“: Гвардиола ги изненади навивачите со изборот на лев бек за дербито против Јунајтед

На „Етихад“ утре ќе се одигра големото градски дерби меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунај…