Денес Вардар и Шкендија го одиграа дербито во осминафиналето од Купот на Македонија.
Дербито донесе супер интересен фудбал, видовме четири гола и две исклучувања. Вардар беше подобар противник на теренот, но Шкендија го имаше одличниот Реџепи на голот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тетовци водеа после првото полувреме, а Вардар постигна два гола во второто и давата тимазаработија по еден црвен картон. Шкендија во првото полувреме, Вардар во второто.
После натпреварот на социјалните мрежи задоволство од играта на неговите соиграчи истакна голманот Филип Гачевски.
„Е ова е правиот Вардар, момци со карактер. Секоја чест момци, газимe и ќе газиме уште појако. Ние сме семејство кое дише еден за друг“, стои во Фејсбук статусот на Гачевски.