Хрватската ТВ Нова направи еден гаф при презентирањето на ситуацијата од најтешката група во Лигата на шампионите.
Додека новинарот ја објаснуваше ситуацијата во групата Ф во Лигата на шампионите зад него се прикажа табелата во која Интер има седум бодови, колку и Барселона. Но до името Интер не стоеше логото на италијанскиот тим, туку на ххрватскиот Интер Запрешиќ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
За оваа ситуација се огласија и од хрватскиот тим.
„Пред дербито во Вараждин одработивме настап во групата на смртта во Лигата на шампионите. Се надеваме дкеа настапот во Лигата на шампионите нема премногу лошо да влијае на нашите резултати во хрватската лига. Благодариме НОВА ТВ“.