Еве што се случува кога со фудбалските клубови раководат бизнисимени, а не љубители на најважната споредба работа во светот.
Еден од сопствениците на Интер, Ерик Тохир, човекот кој го купи клубот од Масимо Морати, а после неколку години поголемиот дел го препушти на кинескиот „Санинг“, баш и не знае да го избере моментот кога да молчи.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Од почетокот Тохир не беше омилен кај навивачите, односно од кога се дозна кога еден од неговите синови е деклариран фан на Јувентус, но наскоро стана јасно дека Тохир не го интересира многу фудбалот и дека е голем фан на кошарката.
Сепак, тој вложуваше, иако имаше многу промашување, а сега веројатно го доживеа и најголемиот блам.
„Навивам за Интер уште од времето кога за овој клуб играше холандското три, а подоцна и Роналдо“, изјави Тохир.
Секако, тројца холанѓани играа во Милано, но не Интер, туку ви Милан, тоа беше триото Ван Бастен, Гулит и Рајкард. Додека во Интер во тоа време играа тројца Германци, Матеус, Бреме и Клинсман.
Тохир потоа преку социјалните мрежи се правдеше дека мислел Германци, а не Холанѓани, но веќе беше предоцна…