Џенаро Гатузо цела измината сеозна беше без ангажман иако прво беше промовиран во Фиорентина, како што стојат работите Гатузо новиот ангажман би можел да го пронајде во Шпанија.
Медиуми од Италија пренесуваат вест дека Гатузо се упатил за Сингапур на преговори да го преземе шпанскиот гигант кој е во финансиска и резултатска криза. Валенсија со години наназад ги продава своите најдобри фудбалери и е далеку од местата кои водат во Европа.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Неодамна клубот остана без претседателот Марти поради скандалот во Шпанија, наскоро се очекува и тренерска смена. Газдата на клубот Питер Лим се уште не назначил нов претседател, а пред да го направи тоа наводно сака тимот да му го довери на Гатузо.
Валенсија нема намера да продолжи со Бордалас кој има договор уште една година. На преговорите со Гатузо во Сингапур заминал и суперагентот Мендеш кој го застапува Рино, но и е добар пријател со првиот човек на Валенсија.