Дома Фудбал Италија Гатузо тврди дека во неговиот тим игра најдобриот напаѓач во светот

Гатузо тврди дека во неговиот тим игра најдобриот напаѓач во светот

Eкипата на Милан денес со почеток од 18:00 часот гостува кај Аталната во рамките од италијанската Серија А.

Пред овој натпревар стратегот на „Росонерите“ имаше интересна изјава за медиумите во која тврди дека во неговиот тим игра најдобриот напаѓач во светот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Гонзало Игуаин ова лето се пресели од Јувентус во Милан, а Гатузо сега тврди дека за него тој е вистински шампион и најдобар напаѓач во светот.

„Според мене Гонзало е најдобриот напаѓач во светот. Во тимот имаме вистински шампион и мораме да ги искористиме предностите кои ги добиваме кога тој е на теренот“, изјави страгот на италијанскиот клуб.

Аргентинецот во новата сезона за Милан настапи на четири официјални натпревари и зад своето име има два гола и една асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…