Дома Фудбал Италија Гатузо проговори за доаѓањето на Ибрахимовиќ

Гатузо проговори за доаѓањето на Ибрахимовиќ

Денес главна тема на Апенините е сензационалното враќање на Златан Ибрахимовиќ во Серија А во дресот на Милан.

Италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Милан е заинтересиран да го донесе Ибрахимовиќ на шест месеци, до крајот на сезоната.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Поради тоа, денес на пресконференцијата пред мечот со Олимпијакос, новинарите очекувано му го поставија тоа прашање на тренерот Џенаро Гатузо.

„Денес му е роденден, сакам да му го честитат роденденот на Ибра и му посакувам се најдобро. Ќе зборувам само за играчите што ги имам на располагање, за тоа прашајте ги Малдини, Леонардо и Паоло Скарони. Има 37 години, но се уште постигнува голови“, изјави Гатузо.

Раководството на „росонероте“ не ја исклучува можноста да го донесе напаѓачот на шестмесечна позајмица, бидејќи смета дека ќе биде корисен за тимот во вториот дел од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Головите од денешниот хуманитарен натпревар на Осогово и Вардар (Видео)

Во Кочани денеска се одигра натпреварот помеѓу Осогово и Вардар кој имаше хуманитарен кара…