Дома Фудбал Италија Гатузо: Милан е тим со две лица!

Гатузо: Милан е тим со две лица!

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо беше исклучително разочаран после ремито на домашен терен против Аталанта.

Милан имаше водство до 92-та минута и беше подобар противник во текот на целиот меч, но на крајот ја испушти победата во судиското продолжение.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Разочаран сум. Ние сме тим со две лица. Одигравме исклучително добро прво полувреме, а во последните 30 минути не личевме на себе. Тоа се случува веќе четири меча по ред“, истакна Гатузо.

„Треба да се подобриме бидејќи има многу натпревари и ако не ја контролираме ситуацијата до крај ќе имаме големи проблеми. Разбирам дека тимот е млад и има потреба од време, но во последните 30 минути едноставно не личевме на тим“, додаде стратегот на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клаузула во договорот на Мурињо ги отвора вратите кон Реал Мадрид

ЖОЗЕ МУРИЊО има клаузула во договорот со Бенфика која може да го направи достапен уште ова…