Дома Фудбал Италија Гатузо: Кога го примивме првиот гол, исчезнавме од теренот!

Гатузо: Кога го примивме првиот гол, исчезнавме од теренот!

Милан синоќа загуби од Наполи со 3:2, иако до 55-та минута имаше водствот од два гола разлика.

Тренерот Гатузо ја презеде вината за психолошкиот пад и истакна дека тимот откако го примил првиот гол едноставно „исчезнал од теренот“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Најмногу жалам што при резултат 1:2, ние едноставно исчезнавме од натпреварот. Секој почна да го интерпретира дуелот на свој начин и се изгубивме на теренот. Треба да работиме над овој проблем. Разочаран сум од недостатокот на реакција. Ја преземам целосно вината, бидејќи кога тимот се плаши, вината е на тренерот. По првата грешка едноставно се исклучивме од играта“, истакна Гатузо.

„Доминиравме во текот на 55 минути, но по првото опуштање, едноставно се распаднавме и дозволивме на Наполи да се врати во натпреварот. По првиот нивен гол едноставно застанавме да дејствуваме како целина. Болно е после една ваква партија да си одиме дома без бодови“, додаде тренерот на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Омилениот тренер на Инсиње може да го врати во Серија А!

Познатиот италијански фудбалер Лоренцо Инсиње (34), по истекот на неговиот договор со Торо…