Дома Фудбал Италија Гатузо имал услов за Милан, познато кој може да си замине, а кој сигурно останува?

Гатузо имал услов за Милан, познато кој може да си замине, а кој сигурно останува?

Италијанскиот стрчњак Џенаро Гатузо во наредните неколку дена би требало да потпише нов договор со Милан кој ќе го врзе со клубот во наредните неколку сезони.

Гатузо одлично го води Милан оваа сезона, „росонерите“ конечно играат онака како што се очекуваше пред почетокот на сезона и понуда за нов договор е сосема логичен потег на управата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Интересно е дека тренерот на Милан според сегашниот договор заработува 120.000 евра годишно и неговата плата според новиот договор би требало да биде десет пати поголема. Управата на клубот веќе разговарала со Гатузо.

Италијанецот на лето сигурно ќе направи неколку промени во играчкиот кадар и наводно веќе одлучил кој може да си замине. Како што пренесуваат италијанските медиуми Гатузо ги известил во таборот на Милан дека голманот Џанлуиџи Донарума може да го напушти клубот бидејќи влијае на атмосферата во соблекувалната.

Исто така, тој поставил услов да бидат задржани Давиде Калабрија и Патрик Кутроне. Гатузо токму во нив гледа на играчи кои би можеле да бидат носители на играта на „росонерите“ во иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Не издржа долго без фудбал: Гомез се враќа и ќе игра повторно во Италија!

По кратко време без фудбал, Алехандро “Папу” Гомез повторно ќе игра на професи…