Дома Фудбал Италија Гатузо за отказот: Тоа се кафански муабети!

Гатузо за отказот: Тоа се кафански муабети!

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо категорично ги демантираше тврдењата на медиумите дека наскоро може да добие отказ од кормилото на „росонерите“.

Најеминентните италијански медиуми објавија дека раководството, особено директорот Леонардо повеќе нема доверба во Гатузо и дека веќе бара негов наследник.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Секој ден разговарам со Леонардо и Малдини. Понекогаш не се согласуваме со некои работи, како во секое семејство, но има огромен респект и работите си ги кажуваме во очи. Останатото се само кафански муабети“, истакна Гатузо.

„Знам дека има голем притисок бидејќи седам на клупата на еден од најголемите клубови во светот. Но вистината е дека јас загубив само 6 меча откако сум тренер на Милан, во медиумите изгледа како да сум загубил на сите натпревари“, додаде тренерот на „росонерите“.

Милан денес игра против Бетис Лига Европа, а Гатузо најави дека ќе излезе со најсилниот тим и дека ја посакува победата по секоја цена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лукас Пакета размислува за тужба против Фудбалската асоцијација на Англија!

Фудбалерот на Вест Хем, Лукас Пакета, ги разгледува можностите за покренување тужба против…