Слога Виница, клуб кој се натпреварува во Третата македонска лига денеска доби стабилен спонзор и тоа турската компанија „Енес Уста“ која го спонзорира и прволигашот Гостивар.
Со турската компанија Гостивар минатата сезона обезбеди влез од Втората во Првата македонска фудбалска лига. Сега целта е Слога Виница да оди еден ранг погоре.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Ни претставува огромна чест и задоволство да Ве информираме дека после неколку месечни преговори од страна на нашиот претседател Дејан Михајлов и Сашко Митев, член на Советот на општина Виница, помогнати од градоначалникот на општината Миле Петков и членовите на турската заедница во Виница, фудбалскиот клуб СЛога 1934 добива нов и стабилен спонзор.
Договорена е соработка со ФК Гостивар со цел експресно враќање на клубот во Втората македонска фудбалска лига. Со ова се отвора ново поглавје во фудбалскиот клуб, но и спортот во Виница. Во периодот што следува ќе бидат подготвени и потпишани сите потрени документи за што дополнително ќе бидете известени“, соопштија од Слога Виница.
Најавена е и соработка помеѓу клубови. Во овој момент Слога Виница се наоѓа на четвртото место на табелата во Третата лига – Исток.