Дома Фудбал Останато Газдата на ПСЖ на удар на јавноста поради смешната донација: Подобро воопшто да не се бламиравте!

Газдата на ПСЖ на удар на јавноста поради смешната донација: Подобро воопшто да не се бламиравте!

Француски ПСЖ се реши да помогне во борба против коронавирусот, но со потегот сопствениците на францускиот клуб се најдоа на мета на критики од јавноста.

ПСЖ се реши да донира 100.000 евра во фондација со која веќе има соработка и која помага на децата, постарите лица и бездомниците. Тие на овој потег се одлучија за да помогнат во борбата со коронавирусот, а парите се додадени на сумата од 400.000 евра која ПСЖ редовно ја исплаќа за активности во наредните три години.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа тоа што ПСЖ донираше само 100.000 евра изненади многумина бидејќи на сите им е јасно колкава е финансиската моќ на газдите на ПСЖ. На социјалните мрежи овој потег го опишуваат дури и како срамен и порачуваат дека подобро е воопшто да не донирале и да не се бламирале.

ПСЖ е е еден од најбогатите клубови во светот и играчите тука се едни од најплатените. За споредба Пеп Гвардиола, Кристиано Роналдо и Лионел Меси сами одвоија по еден милион евра во борба против вирусот кој ја парализираше Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…