Челзи летово имаше скоро договорен трансфер на Бразилецот, Рафиња, но на крајот Барселона во последен момент влезе во офанзива за неговиот потпис и го доведе.
Газдата на Лидс, Андреа Радрицани сега објасни како пропаднал трансферот на Рафиња во редовите на „сините“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Зделката за мене беше завршена, кога јас ќе дадам збор не го погазувам. Ми беше срам да го побарам Тод Боли (сопственикот на Челзи) и да му кажам дека работата се променила. Со Челзи имавме договор затоа што играчот сакаше да замине и ги разгледуваше понудите од Премиер лигата“.
„Челзи беше дестинација која ја преферираше. Но кога се појави Барселона работите се промениај, тој ги чекаше додека тие не најдоа решение“, изјави Радрицани.