Дома Топ вести Габриел Жесус нов играч на Арсенал!

Габриел Жесус нов играч на Арсенал!

Утрово Арсенал го потврди трансферот на Бразилецот, Габриел Жесус кој со „топџиите“ потпиша долгорочен договорот по пристигнувањето од Манчестер Сити.

Жесус во последните сезони се претстави како еден од најдобрите напаѓачи во Премиер лигата и на 236 натпревари постигна 95 голови за своите пет сезони во Манчестер.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Пресреќени сме што го доведовме Габриел. Сите кои го следат фудбалот знаат дека Габриел е многу квалитерен напаѓач. Има 25 години и е етаблиран бразилски репрезентативец кој постојано покажува дека може да игра на највисоко ниво. Со нетрпение ја чекам сезоната да го видам во нашиот дрес“, изјави техничкиот директор на Арсенал, Еду.

Во Арсенал Жесус ќе го носи дресот со број девет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…