Дома Трансфер зона Габигол се сели во Премиер лигата

Габигол се сели во Премиер лигата

Англиските медиуми пишуваат дека бразилскиот напаѓач Габигол би можел кариерата да ја продолжи во лондонски Челси, кој е сериозно заинтересиран за неговиот потпис.

Тренерот на „сините“, Франк Лампард сака да го засили нападот со еден квалитетен голгетер, а изборот наводно паднал на Бразилецот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Лампард е во потрага по напаѓач за да го ослободи Жиру, кој е мета на Интер, па би можело да дојде до размена меѓу двата клуба, а „сините“ се спремни да доплатат додатни 15 милиони евра.

Габигол ја „оживеа“ својата кариера во Фламенго, каде што постигна 43 гола во 59 меча во последните две години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…