Дома Актуелно Вчера заврши низа на Роналдо долга 16 години

Вчера заврши низа на Роналдо долга 16 години

Фудбалерите на Јувентус вчера изненадувачки беа елиминирани во осминафиналето од Лигата на шампионите од Порто.

Јувентус после продолженија славеше со 3:2, но Порто помина во следната фаза поради повеќе голови на гости.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


После новото испаѓање на Јувентус еден од најкритикуваните беше Кристиано Роналдо. Португалецот вчера го одигра еден од своите најлоши натпревари во кариерата (повеќе за ова тука).

Со елиминацијата на Јувентус заврши и низа која траеше 16 години. Имено, за првпат после толку време Роналдо не успеа да постигне ниту еден гол во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Претходно секоја сезона постигнуваше барем по еден гол и тоа го правеше 16 сезони во низа. Головите во вчерашниот натпревар за Јувентус ги поистигнаа Киеза (два) и Адриен Рабио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Инцидент во Евролигата: Грчки навивач го истепал газдата на Хапоел

Панатинаикос во четврток вечер го совлада Хапоел од Тел Авив со 93:82, но натпреварот го о…