Дома Останати Ракомет Вујо: Ако Вардар не ја освоеше титулата кој знае што ќе се случеше, тие го спасија ракометот во Македонија!

Вујо: Ако Вардар не ја освоеше титулата кој знае што ќе се случеше, тие го спасија ракометот во Македонија!

vujovic

Скоро секоја изјава на Веселин Вујовиќ со внимание се следи и во македонската спортска јавност, а тоа посебно е така кога зборува за ракометот во нашата земја.

Популарниот Вујо сега даде интервју за медиумите во Босна и во еден дел од тоа интервју зборуваше за Вардар.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Вујовиќ потенцира дека и покрај проблемите со платите хемијата во Вардар била пресудна црвено-црните да стигнат до европскиот трон, токму таа титула според Вујо е причина за позитивните работи кои следуваа за македонскиот спортски бренд.

„Спортот е неверојатен во него се случуваат фантастични приказни. Видовме како играчите кои не добија плата три, шест, па и 21 месец ја освоија Европа. Тие направија посебна хемија во тимот. Таа титула го спаси ракометот во Македонија, ако Вардар не ја освоеше европската титула кој знае што ќе се случеше. По освојувањето се појавија спонзори, реагираше и Владата, Вардар е македонски бренд“, порача Вујовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Амбициите на Охрид се шампионски: Пристигна и првиот пивот на грчката репрезентација!

Eкипата на Охрид продолжува сериозно да се засилува за наредната сезона во која ќе влезат …