Дома Фудбал Англија Врие во соблекувалната на Јунајтед: Роналдо прави „бунт“ против Рангник

Врие во соблекувалната на Јунајтед: Роналдо прави „бунт“ против Рангник

Кристиано Роналдо е во лоши односи со менаџерот Ралф Рангник што ја нарушува атмосферата во соблекувалната на Манчестер Јунајтед.

Шпански „АС“ пишува дека Германецот нема поддршка од најважните фудбалери на Јуанјтед и дека новата бура во соблекувалната ја предводи Роналдо.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Португалецот е лут поради тоа што Рангник кажа дека Роналдо мора да дава повеќе голови и да ја подобри ефикасноста во натпреварите.

„Во Манчестер се подготвува нова бура затоа што Рангник на крајот на сезоната треба да го напушти тренерското место и да стане спортски директор. Меѓутоа, по новите случувања, неговата иднина може да биде поразлична. Управата сака да избегне носење било какви одлуки додека Германецот не ја напушти клупата“, објави „АС“.

„АС“, додава дека и покрај овој конфликт, шпекулациите дека Роналдо ќе замине од клубот не се вистинити бидејќи тој ужива во животот во Манчестер со своето семејство и не планира трансфер. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…