Дома Трансфер зона Враќање на „Принцот“: Боатенг повторно во Серија А

Враќање на „Принцот“: Боатенг повторно во Серија А

Иако неодамна го продолжи договорот со Ајнтрахт, Кевин Принц Боатенг се враќа во Серија А, овој пат во дресот на Сасуоло.

Боатенг својата фудбалска афирмација ја доживеа токму во Серија А во дресот на Милан, па одлучи повторно да се врати на Апенините.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Секако, за оваа одлука сигурно големо влијание има неговата сопруга Мелиса Сата, која е познато ТВ лице од Италија.

Боатенг веќе се договорил со Сасуоло, па во наредните денови се очекува да пристигне на „Мапеи“ стадионот за да го комплетира трансферот.

Боатенг имаше одлична сезона во Ајнтрахт и го продолжи договорот со германскиот клуб, но на крај реши да се врати во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…