Дома Трансфер зона Враќање на „отпишаниот“: Пато се враќа во Серија А!?

Враќање на „отпишаниот“: Пато се враќа во Серија А!?

Бразилскиот напаѓач Алесандре Пато моментално игра во Кина, но откри дека наскоро би можел повторно да се врати во Серија А.

Некогашниот „вундеркинд“ на Милан својата афирмација ја доживеа во дресот на „росонерите“, но честите повреди го попречија неговиот развој, па не го покажа својот целосен потенцијал.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Да, вистина е, имам многу понуди од Серија А. Разговарав и со Леонардо околу можното враќање во Милан. Имам уште една година од договорот со Тијанжин, ќе видиме што ќе се случи. Италија е мојот прв избор“, изјави 29-годишниот напаѓач.

Пато е во Кина од јануари 2017 година, каде игра доста солидно и постигна 31 гола на 53 настапи за Тијанжин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…