Дома Фудбал Англија Враќањето на Алисон се одложува за еден месец

Враќањето на Алисон се одложува за еден месец

Многу е веројатно првиот голман на Ливерпул, Алисон Бекер да не се врати во скоро време на терените, пренесуваат англиските медиуми.

Бразилецот се здоби со повреда на 9-ти август и се очекуваше да се рехабилитира за неколку седмици, па прогнозите беа дека ќе се врати после репрезентативната пауза.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Меѓутоа, менаџерот Јирген Клоп изјави дека неговото враќање на терените може да се одложи за еден месец, односно во октомври.

„Состојбата на Алисон е подобрена, но нема да брзаме. Станува збор за сериозна повреда. Не можеме да кажеме кога точно ќе се врати на терените. Целта ни е да биде спремен после следната репрезентативна пауза во октомври“, изјави Клоп.

И без него Ливерпул имаше перфектен старт со три победи во Премиер лигата, а утре на „Енфилд“ го пречекуваат Њукасл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бернардо Силва има рок да каже „ДА“ на Јувентус, неговиот сонародник му предлага други опции

Триесет и едногодишниот португалски играч за врска Бернардо Силва полека го завршува својо…