Дома Останати Ракомет Врањеш: Македонија игра брз ракомет и може да биде многу опасна

Врањеш: Македонија игра брз ракомет и може да биде многу опасна

Репрезентацијата на Словенија ќе биде првиот противник на Македонија на Европското првенство кое ќе стартува на 13. јануари во Дебрецин.

Селекторот на Словенија, Љубомир Врањеш во интервју за „Сиол“ даде коментар за македонската репрезентација.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Македонија е еден силен тим, знаат да бидат понесени од емоциите и да играат со целото срце за националниот дрес. Тоа секако е голема опасност за нас. Опасни се во првите натпревари на турнирите, дури победувале селекции како што се Франција и Данска. Меѓутоа секако дека и ние сме добар тим. Не знам многу како ќе се одлучи да игра Лазаров кој е еден страшен ракометар, но самиот тој не може да не победи. Почнаа да играат брз ракомет и ако имаат расположени голмани тогаш се многу опасни“, изјави Врањеш во кратката анализа за Македонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Пелистер го дозна распоредот на натпревари во ЛШ

Пелистер го доби официјалниот распоред од ЕХФ за новата сезона во Лигата на шампиони (ЛШ).…