Дома Фудбал Во 2021 година, Ериксен за малку ќе умреше на теренот. Погледнете што направи сега на истото место

Во 2021 година, Ериксен за малку ќе умреше на теренот. Погледнете што направи сега на истото место

Кристијан Ериксен сега има 32 години, но во јуни 2021 година не се чинеше сигурно дека ќе ги доживее.

Имено, за време на натпреварот меѓу неговата Данска и Финска во Копенхаген, кој се играше на ЕП, тој се онесвести и падна на теренот, без контакт со никого. Набрзо се испостави дека колабирал поради срцев удар. Ужасните сцени на Ериксен во агонија и преплашените играчи околу него го шокираа светот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Иако ситуацијата беше на работ на трагедија, лекарските екипи успеаја да го стабилизираат Ериксен. Подоцна во болницата му бил вграден дефибрилатор. Ериксен, тогаш играч на Интер, беше отпуштен од клубот. Но, тој се врати на фудбалот осум месеци подоцна и тоа спектакуларно. За Брентфорд играше до крајот на сезоната за во летото 2022 година да направи трансфер во Манчестер Јунајтед за кој се уште настапува.

Сега, една недела пред третата годишнина од срцевиот удар што едвај го преживеа на Паркен, Ериксен го постигна голот на истото место на пет минути пред крајот за победа на Данска над Шведска (2:1) во подготвителниот меч за ЕП.

Видеото погледнете го ТУКА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Енцо Фернандез подготвен да го форсира својот трансфер во Реал Мадрид летово

Една од ѕвездите на Челси, Енцо Фернандез, е подготвен да достави барање за трансфер по кр…