Како што стојат работите Ерик Тен Хаг на крајот од сезоната ќе седне на клупата на Манчестер Јунајтед.
Англиските медиуми пред неколку дена објавија дека Тен Хаг ги договорил сите услови со „црвените ѓаволи“ и дека на лето ќе потпише договор на четири години со клубот од „Олд Трафорд“. Пред него е сега да се договори со Ајакс за предвремено раскинување на соработката, но најавите се дека тука не би требало да има проблем.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јасно е дека на Јунајтед му се потребни големи промени затоа што овој клуб никако не успева да се врати во самиот врв. После заминувањето на Сер Алекс Фергусон клубот мака мачи со враќањето на старите славни патеки, а се надеваат дека Тен Хаг ќе биде вистинското решение.
Англиските медиуми објавија дека Тен Хаг имал два состаноци со Манчестер Јунајтед на кој се договорила соработката, меѓутоа луѓето од Јунајтед биле изненадени и од она што го слушнале. Тен Хаг искрено и директно им кажал што мисли за Јунајтед во овој момент и какви промени треба да се направат.
„Изгледаше како Тен Хаг нив да ги повикал на интервју, а не обратно. Седеа само додека тој зборуваше. Брутално ми кажа се, беше искрен и укажа на секоја грешка која овој клуб ја прави. Претставниците на Јунајтед беа шокирани од неговото излагање, но и визијата која ја има за во иднина“, изјавил за „Мирор“ извор од „Олд Трафорд“.