Дома Фудбал Репрезентации Во четири натпревари не примија гол, но испаднаа од Копа Америка

Во четири натпревари не примија гол, но испаднаа од Копа Америка

Репрезентацијата на Колумбија вчера во четвртфиналето го заврши настапот на Копа Америка.

Чиле и Колумбија одиграа борбен натпревар во кој после 90 минути гра не видовме голови. Веднаш откако Нестор Питана означи крај на натпреварот се пристапи кон изведувањето на пенали поради одлуката на организаторот да нема продолженија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во изведувањето на пенали во првите четири серии беа прецизни и двете репрезентации, но потоа промаши Тесило кој промаши за Колумбија, а тоа го искористи Алексис кој го одведе Чиле во полуфиналето.

Поразот на Колумбија во вчерашниот натпревар и тоа како ги боли играчите на оваа селекција бидејќи звучи неверојатно што во четири одиграни натпревари не примија ниту еден гол.

Во групната фаза остварија три победи и имаа гол разлика од 4:0. Ниту во четвртфиналето не примија гол, но испаднаа на пенали. Колумбијците во групата ја совладаа Аргентина, Катар и Парагвај и дури против Чиле ја сочуваа својата мрежа, но овој пат среќата им го сврти грбот.

https://www.youtube.com/watch?v=fPzVU4SplW8

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…