Цеск Фабрегас оваа сезона добива многу мала минутажа кај Антонио Конте и извесно е дека на крајот на сезоната ќе го напушти „Стенфорд Бриџ“.
Фабрегас сака да се пресели во клуб каде ќе има поголема минутажа бидејќи е година на Светско првенство и плејмејкерот сака да се избори за место во „црвената фурија“.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Според последните информации од англиските медиуми Шпанецот најверојатно ќе остане во Премиер лигата, бидејќи за него силен интерес покажуваат Манчестер Јунајтед и Ливерпул.
„Сан“ пренесува дека двата клуба веќе стапиле во контакт со неговиот менаџер и се спремни да понудат 25 милиони фунти за неговиот потпис.
Пресудно во изборот на Фабрегас може да биде присуството на Жозе Мурињо на „Олд Трафорд“, човекот кој го донесе на „Стенфорд Бриџ“.