Дома Фудбал Италија Во Торино се спрема новиот договор за Дибала – поголема плата и откупна клазула!

Во Торино се спрема новиот договор за Дибала – поголема плата и откупна клазула!

Паоло Дибала од човек кој беше пред трансфер во летниот преоден рок стана важен дел од тимот на Јувентус, Дибала од почетокот на сезоната игра одлично и „старата дама“ сега му спрема нов договор.

Актуелниот договор на Дибала истекува летото 2022 година и според тој Аргентинецот заработува 7.3 милиони евра по сезона. Торинскиот „Тутуспорт“ пишува дека според нивните информации, Јувентус на Дибала му нуди 10 милиони по сезона со што би го направил втор најплатен играч во тимот после Роналдо кој има плата од 31 милион евра годишно. Новиот договор на Дибала би имал важност до 2025 година.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Дибала сезонава е еден од клучните играчи на Маурицио Сари. На 28 натпревари, Аргентинецот постигна 11 голови и забележа 11 асистенции.

Истиот извор наведува дека првиот состанок за продолжување на договорот Фабио Партичи и агентот на Дибала, Хорхе Артун се очекува после двомечот со Лион во осминафиналето од Лигата на шампионите (26 февруари и 17 март). Се шпекулира дека застапниците на Дибала ќе бараат во неговиот договор да се вметне откупна клазула не помала од 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…