Дома Трансфер зона Во Торино се работи се полна пареа: По Мендеш се појави – Раиола! 🎥

Во Торино се работи се полна пареа: По Мендеш се појави – Раиола! 🎥

Денес и тоа како е работно во просториите на Јувентус.

Утрово раководството на клубот составено од Недвед, Черубини и Аривабане се сретна со Жорге Мендеш, на состанокот се разговараше за иднината на Роналдо. Постои опција Португалецот да си замине до крајот на преодниот рок.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Меѓутоа нема да биде изгледа само тој состанок. Италијанските новинари успеаа да го снимат и Мино Раиола во тренинг центарот на „старата дама“. Очигледно Јувентус работи на пронаоѓање на замена за Роналдо и нема многу време.

„Калчомеркато“ споменува дека во игра е враќање на Моис Кин.

Ова е навистина интересна ситуација затоа што тренинг центарот на Јувентус во период од само неколку часа се појавуваат веројатно двата највлијателни фудбалски агенти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…