Дома Фудбал Италија Во Рим се спиеше пред продажните места за да се дојде до карта за натпреварот на деценијата!

Во Рим се спиеше пред продажните места за да се дојде до карта за натпреварот на деценијата!

Навивачите на Рома со нетрпение го чекаат реванш натпреварот против Ливерпул во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ливерпул и Рома наредниот вторник на „Енфилд“ ќе го одиграат првиот натпревар од полуфиналето во ова натпреварување, а само осум дена подоцна ќе се игра реваншот на „Олимпико“ во Рим.

Кртите за тој натпревар се веќе распродадени. Како што пренесуваат италијанските медиуми, утрово биле пуштени во продажба преостанатите 35.000 влезници, откако 22.000 веќе биле распродадени.

Навивачите на Рома во вреќи за спиење ноќта ја поминале пред продажните места со цел да не го пропуштат натпреварот на деценијата.

Како што пренесуваат истите извори поминале три часа и 30 минути до моментот кога Рома на својата официјална страница објавила дека картите се распродадени.

Значи, како и што се очекуваше „Олимпико“ ќе биде полн и спремен да им даде поддршка на своите миленици со цел да се пласираат во финалето од Лигата на шампионите што би било еден од најголемите успеси во историјата на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …