На Реал Мадрим му пропадна можеби најголемиот трансфер после доаѓањето на Герет Бејл, а виновник за тоа е никој друг туку Лео Меси.
Имено, како што пренесува шпански „Дон Балон“, Меси го наговорил својот сонародник Пауло Дибала да не потпишува за „кралевите“ наредното лето.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Според наводите на овој медиум, играчот на Јувентус на понудата од „кралскиот“ клуб одговорил „не благодарам“.
Дибала е голема желба на раководството на Барселона, која сега треба да се грижи од интересот на англиските клубови, пред се Манчестер Сити и Челзи.
Дибала не се откажува од својот најголем сон, а тоа е еден ден да заигра заедно со својот идол Меси на „Камп Ноу“. Токму и тоа е причината поради која го одбил Реал Мадрид бидејќи на тој начин засекогаш ќе ја затвори вратата на Барселона.
И самиот Меси го гледа Дибала како свој наследник кој еден ден ќе ја носи „десетката“ во Барселона и аргентинската репрезентација.